Македонскиот првак Вардар ја впиша и третата победа во плејоф Супер лигата, совладувајќи го составот на Бутел во воведниот натпревар од третото коло.
Ракометарите на Бутел беа конкурентни некаде до средината на првото полувреме кога имаа негатива од еден гол (7-6), по што црвено-црните направија две серии 6-1 и 3-1, па на одмор заминаа со осум гола предност 16-8.
Во вториот дел вардарци само рутинирано ја одржуваа предност за на крајот за славата со конечни 36-18.
Дејан Манасков кој постигна 11 голови беше најефикасен во редовите на Вадар, за кој
Куни Моралес придодаде 6, а по 4 дадоа Леонардо Фереира и Ален Ќосевски.
Во поразениот тим на Бутел, најефикасен беше Владимир Јефтиќ кој постигна 5 голови
Со тоа Вардар го задржа максималниот ефект и по три одиграни натпревари во плеј-офот е на врвот на табелата, пред Еурофарм Пелистер кој утре го игра „братското дерби“ со својот помлад тим.
За во недела од 19 часот закажани се преостанатите две средби во кои ќе играат Тиквеш го пречекува Охрид, а за прв пат во салата Автокоманда свој натпревар од плејофот е одиграат ракометарите на Алкалоид кои ќе го „угостат“ составот на Пролет