Кошаркарскиот клуб Куманово би можел да добие странски инвеститор!?
Имено станува збор на инвеститор од Нов Зеланд кој веќе пројавил интерес и кај Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, која на седница на Советот на општината, ја потврдил информацијата.
Како што информирал Димитриевски, тој го упатил заинтересираниот инвеститор од Нов Залад, на разговор со компанијата „Оли травел“, која е сопственик на КК Куманово АД, бидејќи општината нема никаков акционерски удел.
„Имаше иницијатива за купување на клубот и камо среќа да го купи некој, не само овој, сите, но и да преземе обврска да ги финансира истите и да нѐ растерети. Оние средства од 250 илјади евра на годишно ниво кои ги даваме за развој на спортот да ги намалиме на 50 илјади и да финансираме само развој на училиштен спорт, а приватни клубови сериозни приватни компании да менаџираат со нив како што секаде во светот функционира“, истакнал градоначалникот Димитриевски.
Неофицијално. Заинтересираниот инвеститор веќе остварил средба со компанијата „Оли травел“, од која кратко информирале дека разговорите се во тек и дека до нивно финализирање нема да имаат дополнителен коментар.
Екипата на Куманово изминатите сезони игра многу променливо, а во моментов по 15 одиграни кола во Првата лига е на — место со „скор“ од 11 порази и само 4 победи.