Женското ракометно првенство во нашата земја сеуште е во „мирување“. Но, затоа пред продолжението екипите се подготвуваат со контролни натпревари.
Еден таков се одигра и вечерва во скопската населба Чаир, каде кај истоимената домашна екипа гостуваа ракометарките на Вардар.
Натпреварот стартуваше со цврста одбрана на двете страни и голема борба за секоја топка. На пауза екипите заминаа со резултат 16:15 за домашната екипа. И во вториот дел се играче интересен ракомет, со резултатска неизвесност до последниот момент. На натпреварот на кој беа постигнати голем број на голови минимална победа за екипата на Чаир со резултат 32:31.
Ова беше добар натпревар за двете екипи, кои се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната, кој стартува во месец март.
Инаку на табелата во плеј-офот, двете екипи заедно со Металург имаат по 12 бода и се зад лидерот Ѓорче Петров кој има 18 бодови.
Чаирчанки првиот предизвик ќе го има на домашен терен со Стружанка, а вардарки ги очекува дербито со Металург.
И.К.