Женската фудбалска репрезентација на Македонија со нерешен резултат го заокружи својот настап на меѓународниот турнир во Аланија, Турција.
Откако избраничките на селекторот Кирил Изов беа поразени минимално во првите два натпревари со Замбија 1-0 и од Бургија со 2:1, денеска во третиот одиграа 1-1 со Естонија.
Две различни полувремиња одиграа нашите репрезентативки. Во првото противникот беше поконкретни, па во 18-тата минута имаа и пенал што не го реализираа, но Естонките само три минути подоцна, преку Тамник дојдоа во водство.
Во второто полувреме нашите фудбалерики беа они кои напаѓаа. Тоа вроди со плод веќе во 60-тата минута по соло акцијата на Наташа Андонова и нејзиниот прекрасен гол со лоб.
До крајот на мечот немаше поголеми возбудувања па резултатот остана не променет 1-1.