НБА олстар-викендов што се одржува во Солт Лејк Сити донесе голема сензација во натпреварувањето во забивање.
Можеби немаше да биде толку сензационално доколку во ова натпреварување победеше некој веќе добро познат играч по своите атлетски способности и атрактивни забивања што веќе сме го гледале на терените ширум НБА лигата, туку победи анонимен кошаркар за јавноста па дури и американската.
Имено станува збор за Мик Мекланг, кој не настапува во НБА лигата туку во развојната Г-лига. Мекланг зад себе има само два натпревари во НБА и тоа по еден во тимовите на Чикаго и ЛА Лејкерс.
Но, тоа очигледно не му пречепе на овој супер атрактивен кошаркар не само да ги добие највисоките можни оценки од судиското жири туку, да ги придобие и симпатиите на учесниците на Ол-старот и пошироката американска јавност.
А, еве и зошто.