Последниот дуел од 24.коло на француската Лига 1, на стадионот „Муниципал“, се одигра одличен натпревар, во кој гостите од Марсеј со пресврт го победи домаќинот Тулуз.
По раното водство на Тулуз со голот на Далинга во 3.минута, Марсеј направи комплетен пресврт во второто полувреме со голови од Мбемба (52) и Џенгиз Ундер(59).
„Голедата“ не запреа тука. Марсеј ја зголеми предноста по одлична соло акција на Нуно Таварез во 79.минута кој донесе предност од два гола за гостите.
Домаќинот не се откажа и со голот на Онаиву во 87.минута намалија на 2-3. Но, Тулиз немаше доволно сили, ниту време да се спаси од пораз, па Олимпик славеше триумф.
Со оваа победа Марсеј се врати на второто место на табелата, со 52 бодови, пет помалку од лидерот ПСЖ, а два повеќе од трето пласираниот Монако.