Екипата на Рајо Ваљекано, каде брани голманот на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски одигра нерешено попладнево 1:1 на домашен терен со Севиља.

Рајо Ваљекано и по 11 години остана без победа на домашен терен против Севиља. За двата тима ова беше седми нерешен резултат во првенството.

Ова беше дуел од 22.коло, а Рајо на крајот избори еден бод и со 34 бодови се наоѓа на 6.место на табелата, додека нивниот денешен ривал остана во долниот дел на табелата (12.место) со 25 бодови.

Гостите поведоа во 25.минута преку Сусо, откако неговиот удар заврши во еден домашен играч и го измами Димитриевски. Ова за Сусо беше гол по пауза од 2 години и 2 дена.

Домашниот тим Рајо изедначи преку Ле Жен во 65.минута. Тој по корнерот најдобро реагираше и со глава го постигна својот 4.ти гол во шампионатот сезонава.

Во последните две минути од регуларниот дел двете екипи постигнаа по еден гол (Севиља, па Рајо), но двата беа беа поништени поради офсајд позиција.

https://streamin.me/v/f744e03e