Mакедонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше стрелец на гол во натпреварот што неговиот Динамо го доби на гостувањето кај Вараждин.
Капитенот на популарните „модри“ го постигна последниот гол на мечот поставувајќи ги конечните 3-1 за Динамо. При постигнувањето на првиот гол за Динамо, асистент беше вториот македонски репрезентативец во овој клуб Стефан Ристовски.
За Адеми ова беше третиот гол сезонава во првенството на Хрватска во кое Динамо е лидер со дури 10 бодови повеќе на „лутиот“ ривал Хајдук кој попладнево ја игра средбата со Горица.
Веќе следната недела Динамо и Хајдук ќе го одиграат големото дерби и тоа на „Максимир“