Во ракометниот шампионат на Македонија викендов на програмата се дуелите од 2.колло во двете конкуренции.

Во плеј-оф лигата денеска ќе се одигра само еден натпревар во кој Охрид ќе го пречека шампонот Вардар.

Охриѓани кои во првата рунда славеа во Битола кај Пелистер 2, со мотив повеќе влегуваат во овој дуел, бидејќи самото гостување на шампионот е инспирација плус, вели Иван Тасески.

Натпреварот меѓу ГРК Охрид и Вардар што ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот, може да го гледате овде.

Останатите три натпревари на програмата се утре, а двојките се:
17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК АЛКАЛОИД
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – ГРК ТИКВЕШ 2014