Претпоследен ден на Светското првенство во скијање што се одржува во француските ски-центри Мерибел и Куршевел.
Денеска на програмата е слаломот во женска конкуренција во кој и Македонија има своја претставничка.
16-годишната Јана Атанасовска настапува како 74-та во конкуренција од вкупно 122 пријавени скијачки.
Како и пред два дена на велеслаломската трка, така и овојпат, Јана не успеа да оствари пласман, откако некаде на средината на првата трка направи грешка и не ја доврши трката.
Сепак, за младата Јана ова е големо искуство, па во наредните години од неа очекуваме големи резултати.
Што се однесува до трката за медали.
Топ фаворитката Михаела Шифрин оствари најдобро време по првото возење. Американката во втората трка ќе влезе со предност од 19.стотинки во однос на Швајцарката, Венди Холденер, односно 61.стотинка во однос на Лоренс Сент Жермен од Канада.