Нашата супер талентирана скијачка Јана Атанасовска, не успеа да го комплетира својот настап на Светското првенство во алпско скијање што се одржува француските ски-центри Куршавел и Мерибел.
Очигледно дека возбуденост од настапот на ова големо натпреварување си го стори своето, па дебитантката, 16-годишната Јана не ја заврши првата од двете предвидени трки во велеслалом.
Сепак разочарување нема, напротив, тоа им се случувало и на најголемите и многу поискусни скијачки, а за Јана допрва времето претстои.
Покрај Јана, Македонија на Светското првенство ќе ја претставуваат и Мирко Лазаревски, Виктор Петков, Јаков Добрески и Борјан Стрезовски, кои ќе настапат на квалификациската трка во велеслалом.