Зошто е еден од најгледаните, а истовремено и најскапи светски спортски настапи популарниот Супер бол, или финалето на Американското фудбалско првенство (НФЛ), потврдува и шоуто што го изведе музичката мега ѕвездата Ријана.
Таа пееше и танцуваше на голем број од нејзините хитови во „Стејт Фарм Арена“ во Глендејл, Аризона, каде се играше финалето меѓу Канзас Сити „Чифс“ и Филаделфија „Иглс“.
Ријана изведе добро познати хитови како „We Found Love“, „Where Have You Been“, „Diamonds“ и „Work“.
Американските медиуми поитаа да ја потврдат и информацијата што деновиве беше и „топ тема“ во пресрет на овој настан, дека славната пеачка е бремена, но тоа на Ријана не и пречеше, па тајната веќе стана јавност.
Еве како изгледаше годинашното „Half time show“ во изведба на Ријана.