Дерби натпреварите на градските ривал, Ливерпул и Евертон секогаш носат многу возбудување. Иако оваа сезона и двата тима се во криза, видовме добар натпревар, во кој Ливерпул имаше повеќе од иницијативата и на крајот заслужено се радуваше на победата.
Првото големо возбудавање на натпреварот беше во 35-тата минута кога при удар од аголот, Џејмс Тараковски ги надскока одбранбените играчи на Ливерпул и со глава ја погоди стативата на Алисон.
Следуваше молневита контра на напаѓачкото дуо на Ливерпул, Дарвин Нуњез и Мохамед Салах резултираше со погодок и водство за Ливерпул од 1-0.
Водство од 2-0 за ,,Црвените” донесе новото засилување за тимот на Јирген Клоп, Холанѓанецот, Гакпо кој во 49-тата минута на асистенција на Тренд Арнолд, по втор пат го совлада Пикфорд.
Со вечерашната победа Ливерпул ја прекина лошата серија од три порази и еден нерешен натпревар и конечно по четири кола запиша победа, па со 32 бода е на деветтата позиција. Ова воедно беше прва победа за Ливерпул во Премиер лигата во 2023 година.
Евертон остана на 19 освоени бода, со кои се уште е во опасната зона за испаѓање.