Екипата на Канзас Сити Чифс со победа од 38:35 против Филаделфија Иглс го освои 57.тиот Супер Боул. Последниот натпревар во НФЛ сезоната почна изедначено и на крајот од првиот период беше нерешено 7:7.
Филаделфија повторно поведе со нов тачдаун со 14:7, но Канзас Сити изедначи на 14:14. Но, до полувремето Филаделфија освои 10 поени за водство од 24:14. Вториот дел почна со тачдаун на Канзас Сити за намалување на резултатот на 24:21. Третиот период заврши со водство на Филаделфија од 27:21. Набрзо потоа следуваа уште 14 поени за Канзас Сити и водство од 35:27.
Сепак Филаделфија изедначи на 35:35, но Казас Сити имаше време за нови три поени кои значеа победа од 38:35.
За МВП е прогласен Патрик Махонс квотербекот на Канзас Сити, додека квотербекот на Филаделфија Џејлен Хртс стана првиот со три тачдауни (со трчање) на Супер Боул.
Ова за Канзас Сити е вкупно трета титула, а во последните пет години по третпат играа на „заврниот натпревар“ и ја постигнаа вторатата победа.
Полувремето „Halftime show“ беше во знакот на Ријана.