Шампионот во Премиер лигата Манчестер Сити со победа над Астон Вила од 3:1 го очекуваат првиот дерби дуел оваа сезона против лидерот Арсенал. „Граѓаните“ целата работа и трите бода во 23.коло ги обезбедија во првиот дел откако остварија водство од 3:0.
Водечкиот гол по прекин го постигна Родри во 4.минута, а на 2:0 зголеми Илхан Гундоган во 39.минута на асистенција на Халанд. Во судиското надополнување од првиот дел 45+1 минута сигурен реализатор на пеналот за Манчестер Сити беше Марез – за резултат од 3:0 по првиот дел.
Во второто полувреме гостите од Бирминген, преку Оли Воткинс намалија во 61.минута на 3:1. До крајот на натпреварот гостите пропуштија неколку шанси да постигнат уште најмалку еден гол.
Манчестер Сити е на втората позиција со 48 бодови, три помалку од лидерот Арсенал, но и натпревар повеќе од „топџиите“.
Двете екипи во среда на 15.февруари го играат првиот дуел од шампионатот, натпревар од 12.коло кој беше одложен.