Старата Дама ја преживеа Фиорентина на домашен терен и со минимални 1-0 запиша втора победа по ред и значајни три бода.
Одличен натпревар на ,,Јувентус Арената” на кој иако на семафорот стои само еден гол, натпреварот заврши со многу шанси, остра игра со многу жолти картони и два поништени погодока преку ВАР технологијата.
Адриан Рабио во 34-тата минута на убава асистенција на Анхел Ди Марија го отвори резултатот.
Душан Влаховиќ погоди против својот поранешен клуб во 59-тата минута но радоста на Српскиот напаѓач ја расипа ВАР технологијата која сигнализираше офсајд.
Јувентус пропушти повеќе прилики особено преку Моис Кин кој во два наврати имаше чиста прилика да го совлада противничкиот голман.
Казната стигна преку Кастровили во 89-тата минута кој успеа со убав удар да го совлада Шчесни, но овој пат ВАР беше на страната на Јувентус и голот на Фиорентина беше поништен.
Јувентус полека успева да го надмине лошиот период во кој с доби казна од 15 поени, па со втора победа по ред почна да фаќа приклучок со горниот дел на табелата.