Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски кој настапува во турскиот гигант Фенербахче, уште еднаш на дело ја покажа својата „големина“.
Овојпат надвор од фудбалските терени. Неговите квалитети како играч се добро познати на целата европска јавност, но Езѓансега повторно потврди дека е голем човек во срцето.
Големата катастрофа која ја погоди Турција, земјотресот во кој животот го загубија над 16.000 луѓе, го поттикна македонскиот репрезентативец самоиницијативно, на дело да ја покаже својата хумана страна.
Алиоски лично се грижи за купување облека за семејствата погодени од земјотресот, кои итно ќе им бидат доставени на оние на кои им е нај неопходна оваа помош.
СЕКОЈА ЧЕСТ ЕЗЃАН – ЧОВЕКУ СО ГОЛЕМО ❤