Втор ден натпревари на 47-то Светското првенство во алпско скијање што се одржува во француските ски-центри Куршевел и Мерибел.
На задоволство на домашната, француска публика, нивниот сонародник Алексис Пантуро го освои златниот медал во машката комбинација.
Пантуро триумфот го најави уште по првата велеслаломска трка во која оствари голема временска предност во однос на конкурентите, па во слаломот со сугурен настап само ја потврди победата. За Пантуро ова е второ злато во оваа дисциплина на СП откако беше најдобар и пред 4 години во Оре.
Покрај Fранцузинот со медали се закитија, и Австријците, Марко Шварц и Рафаел Хасе кои заостанаа 10 односно 44 стотинки зад новиот светски првак
Утре на третиот ден на шампионатот, на програмата е трката во Супервелеслалом во женска конкуренција, а почеток е закажан во терминот од 11 часот и 30 минути