Во последниот натпревар од 22.коло на француска Лига 1, екипата на Олимпик Марсеј загуби пред своите симпатизери од Ница со 1-3.
Гостите уште по првиот дел создадоа два гола предност со погодоците на Диоп (38) и Лаборд (44).
Украинецот, Малинковски во 60-минута ја врати надежта на домаќините, која згасна во 85-татат минута со голот на Брахими, за конечни 1-3 за Ница.
Со овој „кикс“ Марсеј остана на 46 бодови колку што има трето пласираниот тим на Ленс, односно два повеќе од Монако кој е на четвртото место, а кој во следното коло го пречекува лидерот на табела ПСЖ кој досега собра 54 бодови.