Одличната сезона за тимот на Њукасл продолжува, а вечерва избраниците на Еди Хау, втор пат во полуфиналната пресметка го совладаа Саутемптон и со тоа се пласираа во финалето.
Њукасл во натпреварот влезе со предност од еден гол во првата средба, а вечерва со добра игра си ја заврши работата. Победникот беше познат уште во првите 20 минути од натпреварот, кога со двата гола на Шон Лонгстаф во 5-тата и 21-та минута, Њукасл имаше 2-0, или вкупен резултат 3-0. Тимот на Саутемптон само успеа да го ублажи поразот преку Адамс во 29-тата минута, но немаше сили за сензација. Па со вкупен резултат 3-1, Њукасл се пласираше во финалето.
Тимот на Њукасл ја чека титула од далечната 1955 година, кога последен пат се радуваше на трофеј во ФА купот.
На патот кон титулата избраниците на Еди Хау најверојатно ќе го имаат тимот на Манчестер Јунајтед, кој има огромни 3-0 од првиот натпревар против Нотингем Форест.