Тимот на Интер, со минимална победа над Аталанта од 1-0, избори пласман во полуфиналето на Италијанскиот Куп.
Стрелец на победничкиот гол бепе Матео Дармиан, кој во 57-та минута го искористи одличното додавање на Лаутаро Мартинез и мирно го совлада Хуан Мусо, чуварот на мрежата на голот на Аталанта.
Интер во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот Јувентус – Лацио, наптревар кој е закажан за 2-ри Февруари.
Во долниот дел на ждребот пак ќе се сретнат:
Рома – Кремонезе
Фиорентина – Торино