По Европското и Олимписките игри ќе судат и Мундијалско финале
Најдобрата македонска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ужива голема доверба кај Светската ракометна федерација (ИХФ).
Македонските арбитри кои неодамна беа дел од „фингиранат афера“ на судии кои местеле натпревари, одлично си ја завршија работата на натпреварите на кои ја делеа правдата на Светското првенство што завршува денеска.
Како признание за одлично сработеното, ИХФ им ја укажа довербата и вечерва Начевски и Николов, да го судат последниот меч на шампионатот, односно дуелот финалето меѓу Франција и Данска
Со Мундијалското финале, Начевски и Николов ќе ја заокружат својот успешна кариера, на арбитража на финалните натпревари на трите најголеми натпреварувања.
Тие во 2020 година го судеа финалето на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, а следната година имаа чест да ја делат правдата на финалето на Олимписките игри во Токио.
„Хет-трикот“ Македонците го комплетираат вечерва кога ќе означат почеток на дуелот меѓу Данска и Франција на Светското првенство.