Во Првата машка кошаркарска лига вечерва на програмата беа две средби.
Првиот натпревар одигран во Струмица заврши со неверојатни 51 поен разлика за гостите. Тимот на Кожув го „демолира“ домашниот состав на на Струмица со 104-53.
Американецот, Мајрон Гордон кај гостите одигра „симултанка“ која ја заврши со 28 поени, 8 скока, и по 6 асистенции и украдени топки, додека кај домаќините очекувано српскиот интернационалец Крстајиќ кој постигна 20 поени.
Ова е дури 11-тиот пораз за струмичани кои се прв претендент за враќање во второлигашката конкуренција, додека гевгелиската екипа со петтата победа се проби на осмото место на табелата.
Вториот натпревар, далеку по интересен се одигра во Куманово, каде исто така победа забележаа гостинските кошаркари. Во случајот, Фени Индустри го совлада Куманово со 72-63.
Гостите од Кавадарци во првото полувреме имаа 17 поени предност, но кумановци успеаја да ја надополнат дури и да израмнат на 59-59, на нешто повеќе од шест минути до крајот. Но, тука Куманово застана. До крајот на мечот постигнаа само 4 поени, наспроти 13-те на гостите кои на крајот заслужено се радуваа.
.
Босанскиот интернационалец Јуре Планиниќ со дабл-дабл ефект со 15 поени и 12 скокови, заедно со Лука Стојановски кој постигна 14 поени, беа најзаслужните за осмата победа на Фени Индустри.
Од оваа 13-та рунда остануваат да се одиграат уште два натпревари.
Во вторник, екипата на ТФТ се среќава со Чаир (19 часот), а ден подоцна (среда од 17 часот) Работнички е домаќин на Пелистер.