Македонскиот интернационалец, Стефан Ашковски, го постигна својот деби гол за Ламија, во победата во четвртфинале против Аполон. Ламија славеше победа со 4-2 и со вкупен резултат од 6:3 во двомечот обезбеди пласман полуфиналето на Грчкиот Куп.
Ашковски натпреварот го започна од првата минута и играше до 82. минута.
Во полуфиналето, Ламија ќе се соочи со подобриот од дуелот Паок – Панатинаикос