Во Бања Лука каде се игра четвртиот турнир од регионалната АБА2 лига, денеска ќе настапи битолски Пелистер.
Избраниците на тренерот Марјан Илиевски, кои ќе се обидат да го поправат впечатокот од последните две средби на Златибор каде претрпеа порази, а тоа ќе го сторат во дуелот со екипата на Спарс Илиџа.
„Ни требаат победи во АБА2 лигата за да обезбедија место меѓу осумте најдобри екипи кои ќе разигруваат за промоција во АБА лигата. Нов сум во ова натпреварување, па не ги познавам екипите доволно. Треба да го погледнеме ‘скаутинг’ видеото од ривалите, па потоа ќе коментирам“, изјави новото засилување на пелистерци, репрезентативецот Андреј Маслинко.
Покрај дуелот против босанскиот претставникот што ќе започне од 15 часот, Пелистер ќе одигра уште две средби.
Ова е натпревар од 8.коло во кое вчера нашиот втор претставник ТФТ загуби од Шенчур од Словенија.