Македонскиот репрезентативец и член на романскиот прволигаш Стеауа, Бобан Николов не успеа да се наметне кај тренерот Марио Леонард Стризу, и многу веројатно ќе бара нова средина.
Имено Николов оваа сезона има одиграно само 108 минути, а на последниот натпревар воопшто не беше ни во ростерот на повикани играчи. Според медиумите во Романија, Николов јасно ставил до знаење дека е незадоволен од моменталниот статус во клубот и побарал или поголема минутажа или да му дозволат да замине.
Од клубот потенцираат дека за тоа кој ќе игра одлучува тренерот а секој кој е незадоволен може да го напушти клубот откако двете страни ќе се договорат.
Според тамошните медиуми, Бобан Николов преговара со неколку екипи од Шпанската втора лига и може да се очекува насокоро да ја промени клупската средина.