Стефанос Циципас и Карен Хачанов се првиот полуфинален пар на мажите во Мелбурн.
3-носител Гркот, Циципас во три сета го победи најпријатното изненадување на турнирот, Чехот, Јиржи Лехечка кој на АТП листата е на 71-то место.
Откако Циципас го доби првиот сет со 6-3, чешкиот тенисер пружи поголем отпор во следните два, но недоволно да приреди ново изненадување па Гркот ги доби сетовите со 7-6 и 6-4, за пласман во следната рунда.
Неговиот противник во полуфиналето (18) Русинот, Карен Хачанов одигра само два сета во мечот со Себастијан Корда (29), кој Американецот, го предаде поради повреда во третиот сет, откако првите два ги загуби со 7-6 и 6-3, а во третиот имаше и негатива од 3-0.
Утре (среда) на програмата е дуелот на главните фаворити за титулата (оние кои останаа), Србинот, Новак Ѓоковиќ (4-носител) и Русинот, Андреј Рубљев (5), додека во последниот меч од четвртфиналето ќе играат Американците, Бен Шелтон и Пол, по што ќе биде формиран и вториот полуфинален пар кај мажите.