Кошаркарите на Валенсија беа подобро од Партизан во дуелот од 20.коло на Евролигата.
Шпанската екипа до третиот триумф во низа, вкупно 10-ти сезонава, стигнаа пред своите симпатизери совладувајќи ги црно-белите со 89-81.
Партизан беше конкурентен во водените 6-7 минути до кога имаше и предност, во Валенсија со серија од 9-2, ја заврши првата четвртина со предност од 9 поени (27-18). Во продолжението на натпреварот домашниот тим континуирано ја зголемуваше и одржуваше разликата, а белграѓани до крајот само успеаја да го ублажат поразот.
Црногорецот, Дубљевиќ со 20 и Американецот, Веб со 17 пони беа најдобрите поединци во победничката екипа.
На останатите натпревари од оваа 20-та рунда беа постигнати следниве резултати:
Фенербахче – Монако 98:94 (по продолжение 84-84)
Макаби Т.А. – Алба Берлин 87:74
Басконија – Барселона 78:85
Виртус Болоња – Панатинаикос 74:64
Денеска на програмата се простатата четири средби:
18:30 Анадолу Ефес – Баерн Минхен
19:00 Жалгирис Каунас – Црвена Звезда
20:00 Олимпијакос – Реал Мадрид
20:30 Олимпија Милано – Лион Вилербан.