Најдобрата македонска тенисерка со победа ја стартуваше 2023 година.
Таа во 1.коло на фјучрс турнирот во Талин, Естонија ја победи квалификантката од Словачка Радка Зелничкова со 2-0 во сетови (6:2; 6:4) за еден час и 20 минути игра.
Во следното коло утре Ѓорческа која се наоѓа на 235.место на ВТА листата ќе игра против шпанската тенисерка Андреа Лазаро Гарсија (279.место).
Македонската тенисерка настапува на овој турнир што се игра за награден фонд од 40.000 долари.
Лина ќе го продолжи престојот во Талин бидејќи е пријавен и за настап на следниот турнир во Естонија што ќе се игра во текот на следната недела. Двата турнира се играат на тврда (хард) подлога.