Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров сега во улога на тренер на РК Алкалоид верува дека проектот на овој колектив ќе биде пример и за останатите клубови, не само во државата, туку и пошироко во регионот, како треба да се создава иднината.
РК Алкалоид во деби-сезоната во Суперлигата обезбеди место во плеј-офот како втор, веднаш зад Вардар 1961 во групата и пренесува два бода.