Екипата на Њу Орлеанс ја прекина низата од четири порази откако пред својата публика го совлада Сан Антонио со 126-117.
Иако настапија без својот најдобар играч, Зијон Вилијамсон, сепак благодарение на одличната партија на Си Џеј Мекалум, кој средбата ја заврши со 40 поени, 9 асистенции и 8 скока, надополнето со дабл-дабл ефектот на Литванецот, Јонас Валанчиунас кој на 16 поени придодаде и 10 скока, популарните „Пеликани“ заслужено се радуваа на 19-тата победа со која останаа во Топ 5-те екипи во Западната конференција.
И тимот на Јута ја оствари 19-тата победа. Тројца играчи на „Џезерите“ ја минаа границата од 20 поеи. Малик Бисли постигна 25, Џордан Кларксон 23, Лаури Марканен придодаде 21 поен.
Јута е на седмата позиција на западот, додека Вашингтон за кого ова е дури 21-ви пораз е 12-ти на истокот.