Спуштена е завесата на спортски настан годинава Светското фудбалско првенство во Катар. Репрезентацијата на Аргентина е новиот Светски шампион.
Финале на финалињата. Само вака може да се опише она што се случуваше во Доха, за последниот натпревар на Мундијалот во кој Аргентин а по подоброто изведување на пенали го победи бранителот на шампионскиот трофеј Франција со вкупни 7-5 откако по 120-минути игра резултатот беше 3-3.
Аргентинците одлилно го запошпнаа мечто и со головите на Меси од пенал во 23-тата и Ангел Ди Марија во 36.минута имаа два гола предност кои долго ги чуваа се до завршните десет минути.
Тогаш на сцена стапи Килијан Мбапе кој со два гола првито од пенал во 80-тата, а вториот минута подоцна избори продолженија. Битката за трофејот но и признанието најдобар стрелц Меси и Мбапе ја продолжија и во екстра времето.
Меси со седмиот гол на шампионатот, во 108-та повторно им донесе поредност „Гаучосите“. Но, повторно Мбапе со гол од пенал во 118-тата минута ја спаси Франција од пораз.
Трилерот не заврши таму па двете селекции во самиот финиш пропуштија одлични можности за летврти победнички гол. И откако 120-те и повеќе минути игра не беа доволни да се реши победникот, тоа се случи во пенал рулетот.
Во него повеќе среќа, но пред се нерви имаа Аргентинците кои реализираа четири удари, додека „триколорите“ имаа две промашувања.
Така Аргентина по пауза од 36 години, стигна до третиот трофеј Светски шампион, а Лионел Меси кој првенството го заврши со 7 голови еден помалку од Мбапе, на најдобар можен начин ја крунисува својата кариера и со право го понесува приматот „Бог на фудбалската игра“.