Со комплетирањето на натпреварите од 14.коло, заврши првиот дел од сезоната во домашното ракометно првенство, односно Супер лигата.

четирите прворангирани екипи од двете групи ќе продолжат со натпреварите во плејофот, однсно разигрувањето за шампионскиот трофеј. Же бидат одиграни нови 14.коло, по принципот секој со секого, дома и на гости, по што ќе го дознаеме и шампионот за сеоната 20222/2023 година.

Топ фаворитите за трофејот, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе запопнат со по максимални 3 бодови, додека без бодови ќе стартуваат Охрид и Тиквеш.

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ:

1.Вардар3 бода
2.Е. Пелистер3
3.Алкалоид2
4.Пролет2
5.Бутел1
6.Е. Пелистер 21
7.Охрид0
8.Тиквеш0

Во плеј-офот и плеј-аутот екипите ќе играат во еднокружен бод систем (домаќин-гостин), двапати по седум кола, или вкупно 14 кола по добивање на конечниот пласман. Вкрстуваат екипите од Група А и Група Б. Најдобрите пренесуваат по три бода, останатите по два, еден и нула бодови.

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ:

1.Струга3 бода
2.Голден Арт3
3.Прилеп2
4.Скопје2
5.Вардар Неготино1
6.Радовиш1
7.Куманово0
8.Јуниор КВ0
(бараж)     (2.лига)