Откако беа објавени шеширите пред ждрепката за осминафиналето во ракометниот Куп на Македонија кај мажите, денеска се познати и шеширите пред ждрепката во ова натпреварувања кај дамите.
Оваа сезона ќе играат 15 екипи, кои во осминафиналето ќе бидат поделени во три групи по четири екипи и една со три екипи. Рангирањето на екипите е направен според пласманот во Женската лига минатата сезона.
Во првиот шешир ќе бидат освојувачот на трофејот од минатата сезона, Металург, кој и во лига беше во „ТОП 4“ заедно со шампионот Ѓорче Петров, Куманово и Вардар, екипи кои ќе ја имаат улогата на носители, но и фаворити за трофејот.
По одигрувањето на осминафиналните натпревари (по групи) планирани за 18/19 март 2023, најдобрите четири екипи (победниците во групите); ќе обезбедат место на завршниот турнир што ќе се одржи на 13 и 14 мај 2023 година.
Куп на Македонија, жени, ждрепка:
шешир 1: Ѓорче Петров, Куманово, Металург, Вардар
шешир 2: Чаир, Стружанка, Деспина, Пелистер
шешир 3: Овче Поле СУ, Шампион, Гевгелија, Астибо
шешир 4: Спартак, Кузман Вардар, Скопје