Вардар во рамките на 21. коло го пречека тимот на Астибо и запиша тесна, но заслужена победа.
Натпреварот започна одлично за вардарки, кои со серија од 3-0 го наметнаа својот ритам. Рано ја презедоа контролата и во 7. минута стигнаа до предност од +5 (8:3). Во текот на првото полувреме домаќинките сигурно ја одржуваа разликата, иако Астибо во 21. минута се доближи на 17:15. Сепак, Вардар не дозволи израмнување и на пауза замина со водство од 23:19.
Во вториот дел, гостинките влегоа значително помотивирано и во 39. минута успеаја да израмнат на 27:27, со што натпреварот доби неизвесен тек. Следуваше период на изедначена игра, во кој двете екипи се менуваа во водство. Во самиот финиш, Вардар повторно презеде иницијатива и во 57. минута поведе со +2 (37:35), што се покажа како клучно. Астибо имаше обиди да се врати, но не успеа да израмни, па натпреварот заврши со минимална победа на Вардар од 37:36.
Најефикасни во победничкиот состав беа Трифуноска со осум и Миленковска со шест погодоци, додека кај Астибо се истакна Хавиер со 11 голови.
Ивона Кимовска




































