Разочарувањата за македонската фудбалска јавност се речиси секојдневие. Повремен блесок и некоја победа или нерешен резултат над силни, врвни, селекции, само за момент ја подгрева надежта.
Беше Македонија во два наврати на чекор-два од историски пласман на Светското првенство, но не успеа. Така најголем дострел, останува единствениот пласман на Европскиот шампионат. За нешто повторно големо ќе мора да почекаме, а како што стојат работите, тоа ќе потрае.
По очајните гостувањата во Копенхаген и Даблин денеска се огласи првиот човек на ФФМ, претседателот Масар Омерагиќ.
„Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик.
Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни.
Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше.
И кога победуваме и кога губиме.
Поддршката не е аплауз само за победа, туку карактер во пораз.
Ние, како федерација создаваме услови во кои селекторот и фудбалерите имаат фокус да работат. Ќе направиме сè што треба, за тие да мислат само на играта, а ние на нив.
Останува најважното, да бидеме заедно.
Затоа што ова не е само тим. Ова сме ние.
Изгледа дека претседателот на ФФМ, заборави што кажа!!
Омерагиќ при инаугурацијата на новиот селектор Седлоски истакна:
Па еве ние ќе го потсетиме.
„ Нашето мислење беше дека на репрезентацијата и е потребна нова енергија.
Затоа очекуваме дека со оваа промена ќе внесеме новитет и ќе ја искористиме шансата преку баражот да се пласираме на Мундијалот “, изјави претседателот Омерагиќ.
Тогаш Омерагиќ посочи дека, и учеството во бараж е успех, но дека пресудиле и резултатите во квалификацискиот циклус, посебно исходот во Велс, по кој Федерацијата се одлучила за промена.
И ќе го навратиме малку порано.
Завршивме први во Лигата на нациите со пласман во повисок ранг, сега не очекуваат квалификации за СП, и на два-три месеци пред почеток на квалификации било каква промена во А-репрезентација е нефудбалски потег кој може само да му нанесе штета на репрезентативниот фудбал и директно на националниот тим.
Јас длабоко верувам во оваа генерација фудбалери и навистина треба да се даде вистинска шанса. Селекторот Милевски е тој кој со нив ги постигна овие резултати, и тоа што е значајно за сите нас е да им дадеме поддршка и да се обидиниме околу репрезентацијата затоа што таа е нашиот амбасадор кој не претставува пред светот.
Затоа било која одлука која се носи околу А-репрезентацијата треба да биде издржана и врз основа на реалната состојба“.
А, за патувањето и авионот за Данска!!!
Останува дилемата – Каква фудбалска иднина има Македонија!?
Ова не само гледајќи ја сениорската (најдобрата!?) туку пред се резултатите на младинските репрезентации.
Затоа не е лошо, како што истакна Претседателот, Омерагиќ на инаугуративната прес-конференција, да се посети психолог.
































