Долго време немаме погодено добитен тикет, но овој ни мириса дека конечно ќе биде тој кој пред празниците ќе го скрши мразот.
Одигравме 5 пара кај нашите пријатели во Златна Копачка, а тикетот ве советуваме да го уплатите во сабота наутро бидејќи секој викенд односно секоја сабота и недела имаат од 9 до 11 часот 10% бонус, а истиот бонус го имаат и од 21 до 23ч секој викенд.
Еве што ќе играме овој викенд:
ЛИВЕРПУЛ vs БРАЈТОН: 2+ 2П
Головите не би требало да го заобиколат овој натпревар, бидејќи Брајтон сака да игра на гол повеќе. На Ливерпул исто така потребна му е победа и веруваме дека ќе нападнат од почеток, но за да го зголемиме коефициентот ќе пробаме со 2+ гола во второ полувреме.
ЧЕЛСИ vs ЕВЕРТОН: 1
Сините од Лондон имаат четири натпревари без победа, а на гости им доаѓаат карамелите од Ливерпул. Иако гостите покажаа дека знаат како против големите, на пример против Манчестер Јунајтед, очекуваме дека домаќините ќе ја прекинат црната серија и ќе слават на овој натпревар.
МИЛАН vs САСУОЛО: 1-1
Милан игра против Сасуоло дома, а победа ќе направи притисок повеќе на Наполи и Интер кои играат следниот ден. Затоа веруваме дека миланезите уште во прво полувреме ќе поведат и на крај ќе слават против повратникот во Серија А.
БОЛОЊА vs ЈУВЕНТУС: ГГ
Јувентус има тешко гостување кај тимот на Винченцо Италијано, кој добро се држи и оваа сезона во врвот на табелата. Заморот ќе биде присутен и кај едните и кај другите, но очекуваме тврд натпревар со барем по еден гол на едната и другата страна. Болоња игра добро дома, Јувентус ќе мора да притисне па затоа оваа игра со супер коефициент од Златна Копачка е изборот за овој дуел.
ФРАЈБУРГ vs ДОРТМУНД: 2+ 2П
Фрајбург во претходните седум натпревари против Дортмунд има загубено на исто толку, а имало барем по 3 гола на секој натпревар во нивната мрежа. Очекуваме и сега да продолжи таа традиција, а за да зголемиме коефициент, типуваме 2 гола барем во второ полувреме.
Кодот за уплата на овој тикет е: 449740 и може да се уплати до утре до 15:59ч.



























