Фудбалерите на Белгија, се следните противници на Македонија во мундијалските квалификации. Тие веќе се во Скопје.

Белгијците попладнево имаат можност да се запознаа со теренот „Тодор Проевски“ каде утревечер ќе се игра натпреварот од J група. Тие ќе го одработат единствениот тренинг пред утрешниот натпревар. 

Популарните „Ѓаволи“ кои се осмо рангирани на последната листа на ФИФА, важат за апсолутни фаворити во нашата група.

Нивниот нов селектор, Французинот, Руди Гарсија, на средбата со новинарите ги изнесе своите очекувања.

,,Секогаш е предизвик да се игра на гостински терен, така ќе биде и уште. 

Знаеме дека ќе имаме сериозен противник, против кој ќе треба да одиграме најдобро што можеме. Но, ние сме подготвени, a ќе може да сметам на сите играчи”,

изјави Гарсија.

Што се однесува до македонската репрезентација, Гарсија вели.

Ние во минатото направивме многу грешки, потценувајќи го противникот. Така да сега, таа грешка нема да ја направиме утре. Затоа ќе мора да одиграме максимално ангажирано и со сите сили.

Не е само Елмас во тимот, кого најмногу го познавам. Туку има и други играчи кои знаат да играат. Тие се компактна екипа која знае да направи притисок и често да ги казни грешите. Затоа не потценуваме никого, а најмалку утрешниот противник.

Го анализиравме противникот кој веќе има четири освоени бодови, а ние го играме првиот меч. Знаеме дека ќе биде исклучително тешко, но ќе повторам, подготвени сме да го дадеме максимумот”,
заклучи Гарсија.

Утрешниот дуел Македонија – Белгија ќе почне од 21 часот.

Следете нé на социјалните мрежи