Ракометното првенство на Македонија се ближи до самиот крај, а шампионот ќе го дознаеме во последното коло.
Актуелниот првак Еурофарм Пелистер има два бода помалку од лидерот на табелата Вардар кој вчера славеше над Тиквеш во Кавадарци. Токму нивниот меѓусебен дуел закажан за во сабота во Скопје, ќе решава кој ќе ја освои шампионската титула.
Но, кој исход на ќе им одговара на екипите на таа средба, за конечна радост, во многу ќе зависи од денешниот натпревар во Автокоманда. Таму, доцна попладнево, ќе играат Алкалоид и Еурофарм Пелистер.
Иако составот на Кирил Лазаров веќе ја загуби трката со конкурентите за титулата, сигурно дека ќе сака да се докаже.
Пелистерци пак сигурно не сакаат дополнително да си ја отежнат работата за саботниот решавачки меч, па освен победа и за нив друга опција нема.
Задачата нема да им биде ни малку лесна на битолчани кои сезонава, но и лани загубива од Алкалоид на гостувањата во Автокоманда.
Како ќе биде денеска останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 19 часот.
Дуелот Алкалоид – Е.Пелистер може да го следите овде и низ директен пренос ТВ на МРТ3 (овде) .