Во македонската Прволигашката фудбалска конкуренција на програмата беа пет натпревари од 20.коло.

Дербито се одигра во Тетово каде Шкендија ќе го пречека Силекс, а го добија домаќините со 4-2.

Натпреварот започна отворено на двете страни, што резултираше со два гола за десет минути. Гостите преку Босанецот, Алиќ во петата поведоа со 0-1, а домаќините во 10-тата израмнија на 1-1 преку Сенегалецот, Тамба.

На нов гол се чекаше се до 63.минута кога Рамадани ја казни нерешителноста на одбраната на кратовци. Во 77.минут Бесарт Ибраими беше стрелец на третиот гол на тетовци. Тика не беше крајот на „голеадата“, а во продолжение беа постигнати уште два прекрасни голови. Кочовски во 82.минута, од слободен удар, намали на 2-3, додека четири минути подоцна Љатифи ги постави конечните 4-2 за Шкендија.

Овој резултат им одеше во прилог на фудбалерите на Работнички и Гостивар кои сега го минаа Силекс на табелата, кој падна на четвртото место.

Работнички со голот на Србинот, Русевиќ во 56.минута ја совлада Воска спорт, а Гостивар одигра без голови против Беса.

На останатите два натпревари. Во Кавадарци, Тиквеш со голот на Миловановиќ во 64.минута водеше против Пелистер. Но, битолчани сои два гола во финишот стигнаа до пресврт победа.

во Струмица, АП Брера беше поразена од Шкупи со 1-2. Гостите поведоа со голот на интернационалецот од Гана, Емануел Аворњо во 31-вата минута. Победата скопската екипа ја најави голот во 67,минута на Имери. До крајот на мечот домаќините само успеаја да го ублажат поразот.

Вчера, Вардар со 2-0 на гости го победи шампионот Струга Трим Лум.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 20.КОЛО

Недела
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 4-2
АП БРЕРА – ШКУПИ 1-2
БЕСА – ГОСТИВАР 0-0
РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ 1-0
Сабота
СТРУГА ТЛ – ВАРДАР 0-2

Сите голови од ова коло ќе може да гои видите на едно место овде.