Балканскиот двоец, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ синоќешните натпревари во НБА лигата ги завршија со трипл-дабл.
Словенецот, Дончиќ постигна 21 поени на кои додаде по 10 скокови и асистенции во победат на Далас на гостувањето кај Вашингтон со 137:101.
За „Меверикс“ тоа беше 15-ти триумф со кој се на третата позиција во Западната конференција. Вашингтон пак е најслабиот тим во лигата со 18 порази и само две победи.
Во најинтересниот натпревар, најдобриот тим во лигата Кливленд го победи Денвер со 126:114.
Бадијала остана тројниот учинок на Јокиќ кој заврши со 27 поени, 20 скока и 11 асистенции.
Кај „Кавси“ четворица од нив постигнаа преку 20 поени. Донован Мичел реализира 28, Дариус Гарланд 24 поени, Карис Леверт 21, а Еван Мобли додаде 20 поени. За Кливленд тоа беше 20-тиот триумф, а Денвер го претрпе 9 пораз по што сега е на 8,место на западот.
Резултати:
Голден Стејт – Хјустон 99:93
Мемфис – Сакраменто 115:110
Торонто – Оклахома Сити 92:129
Сан Антонио – Чикаго 124:139
Њу Орлеанс – Феникс 126:124