На четирите одиграни натпревари ноќеска во НБА лигата убедливи победи забележаа домашните екипи.
Шампионот Бостон славеше против Мајами со 108:89 и брзо се рехабилитира по поразот од Кливленд.
Најдобри победниците беа Џејлен Браун со 29 и Пејтон Причард со 25 поени кај „Селтикси“ за кои не настапија, Холидеј, Хорфорд и Порзингис.
Во тимот на Мајами, Херо и Јакез постигнаа по 19 поени, а додека Бам Адебајо додадоа 15 поени и осум. скокови.
ЛА Лејкерс немаа своја вечер и беа убедливо поразени на гостински терен од Минесота со 109:80.
Џулиус Рендл постигна 18 поени со пет скока, Руди Гоберт 17 со 12 скока, додека Наз Рид и Никеил Александар-Вокер додадоа по 15 поени. Во поразениот тим Д’Анџело Расел постигна 20 поени, а Ентони Дејвис 12 со 11 скока и пет асистенции.
Лесна работа имаа и Чикаго „Булс“ кои го совладаа Бруклин „Нетс“ со 128:102.
Џош Гиди имаше троен ефект со 20 поени, 13 скока и 11 асистенции, а Никола Вучевиќ заврши со дабл-дабл со 21 поен и десет скока.
Атланта продолжи триумфално, забележувајќи ја четвртата победа во низа, а овој пат против Њу Орлеанс 124:112.
„Хокс“ до победата ги предводеа Де’Андре Хантер со 22 поени и Џејлен Џонсон и Дајсон Даниелс со по 19 поени.