Во последниот натпревар со кој беше комплетирано 15.коло во ПМФЛ, тетовска Шкендија славеше против Пелистер. На натпреварот што се играше во Битола, гостите славеа со 1-0.

Тетовци до победата дојдоа во 36.минута со голот на Флорент Рамадани.

Со оваа победа и новите три бода Шкендија се врати на првата позиција на табелата. Тетовци сега имаат 30 бодови колку што досега собраа Гостивар и Силекс.

Зад ова трие е Работнички со 28, Струга ТЛ со 26. Тука се заокружува кругот на претенденти за шампионскиот трофеј.