Обврските на македонските претставници во европските купови, се причината за „развлеченоста“ деветто коло во ракометната машка Супер лига.

Откако вчера сојот натпревар во одиграа Е.Пелистер и Радовиш, денеска на програмата се два нови натпревари.

Првиот денешен натпревар ќе се игра во Велес, каде тимот на Бисинов Ф.Л. ќе го пречека составот на Бутел.

Вицепрвакот Вардар попладнево ќе гостува во Кавадарци, кај екипата на Тиквеш. Црвено-црните кои досега имаат седум победи ја имаат улогата на голем фаворит и со победа би се израмниле со Алкалоид кои е лидер на табелата.

За утре закажан е натпреварот Струга – Прилеп, а колото ќе биде комплетирано во среда (30 октомври) со преостанатите два натпревари.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 8.коло
Сабота

18:00 БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – БУТЕЛ
19:00 ТИКВЕШ – ВАРДАР 1961
Недела
14:00 СТРУГА – ПРИЛЕП
Среда 30.окт.
18:00 ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД
????? МРК КУМАНОВО – ГРК ОХРИД
Петок
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ 45-23