Македонскиот првак Струга го заврши евронастапот оваа сезона откако загубија и во плеј-офот од Конференциската лига се елиминирани од исландскиот тим Бреидаблик.

Претставникот од Исланд и во реванш дуелот од вечерва постигна минимална победа од 1:0 исто како и пред седум дена на натпреварот во Охрид.

Така со вкупен резултат од 2:0 Бреидаблик избори пласман во фазата по групи од Конференциската лига.

Стрелец на единствениот гол на дуелот беше Виктор Карл Еинарсон во 3.та минута кој со прецизен удар го совлада Ѓосевски.

Со елиминацијата Струга останува само со натпреварите во домашните натпреварувања.

Со тоа, само скопски Вардар остана остана единствениот со настап во групна фаза. Вандаци играа во групата на Лига Европа во 2017 година.