Адријана Поп Арсова (33 години) единствената македонска претставничка на Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта, утре рано ќе се појави на стартот од маратонската трка.

Организаторите, женската маратонска трка на програмата ја ставија на претпоследниот ден на шампионатот. Стартот е во утринските часови (7 часот).

Поп Арсова е актуелна рекордерка на Македонија во маратон со резултатот што го истрча на маратонот во Копенхаген на 15.мај 2022 година (2:35.29 часа).

Таа беше македонска претставничка и на претходното СП во Јуџин, САД каде го освои 28.место со време 2:41.20 часа.

Воедно таа на Скопски маратон има победа во 2021 година кога патеката ја истрча за 2:40.36 часа.

На стартот на маратонската трка утре ќе се појават 78 маратонки од 47 држави.