Македонската таеквондистка Анамарија ГеоргиевскаНа уште по првата борба го заврши својот настап на Европските игри во Краков, Полска.

Георгиевска која беше еден од напите адути за медал, настап во категоријата -73 кгр. во која уште во првата борба беше совладана од хрватската претставничка Ника Клепац во двете рунди.

Хрватката која е 6-то рангирана, ја оправда фаворитската улога и на самиот старт на борбата набрзина освои седум поени, што беше недостижно за Анамарија да направи пресврт, па ја загуби рундата со 16-3. 

На почетокот на втората рунда македонската репрезентативка го освои првиот поен, но тоа беше се што стори, бидејќи продолжението од борбата и припадна на Хрватската која ја доби рундата со 5-1.

Со тоа пропадна уште една можност маедонските спортисти да се вмешаат во борбата за медал на овие игри, па последната надеж ја имаме во нашиот олимпиец Дејан Георгиевски кој првата борба ќе ја има во 12 часот. 

Борбата на Дејан, може да ја гледате ВО ЖИВО ОВДЕ