Само уште една борба и победа ја дели македонската таеквондистка Милјана Рељиќ од медал на Европските игри во Краков, Полска.
Откако доби шанса преку репесажот Милјана се избори за победа во борбата со Италијанката, Кристина Гаспа совладувајќи ја со 2:1 по рунди.
Првата рунда ја доби Италијанката и тоа благодарение на грешките на нашата репрезентативка со 3-0. Затоа пак во втората, а особено во решавачката трета рунда Рељиќ знаеше што сака и како да го оствари тоа, па со 2-0 го израмни резултатот на 1:1, а потоа со убедливи 11-3, се избори за нова борба и тоа за медал.
На патот до бронзата на Милјана ќе и стои Британката, Пауел Алија Џејдин во борбата закажана за 19 часот и 24 минути.