Екипите на Реал Мадрид и Манчестер Сити вечерва го играат првиот меѓусебен дуел од полуфиналето во Лигата на шампоните. Ждрепката беше немилосрдна, како и минатата сезона, па еден од топ фаворитите и годинава ќе остане без трофејот.

Двата тима се сретнаа во полуфиналето од Лигата на шампионите и лани, во кое по двата спектакуларни натпревари Реал излезе како победник со вкупни 6-5.

Вечерва фудбалските гурмани очекуваат одличен натпревар во кој секој момент и потег ќе биде важен, смета „мозок“ на англискиот првак, Пеп Гвардиола

„Лани стигнавме до тука со желба за финале. Изигравме добро во двата натпревари, но тоа не беше доволно.
Тоа што се случило во минатото останува таму, не сакаме да се одмаздиме, ова е само уште една можност за нас. Еден ден ќе достигнеме финалето од овој престижен куп и ќе го освоиме.
Очекувам дека тоа ќе се случи оваа сезона. Целта беше иста и лани, но беше неуспешна поради натпреварите со Реал кој се најискусни во ова натпреварување. Ние посакуваме победа оваа година, најважно ќе биде да играме стабилно и да се подобруваме секоја сезона“ изјави Пеп Гвардиола.

Во 21 часот не очекува мега дуел помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на добро познатиот и легендарниот „Сантијаго Бернабеу“.