Екипата на Струга Трим Лум повторно беше подобра од шампионот Вардар во меѓусебен дуел во Првата македонска фудбалска лига. Во натпреварот одигран попладнево во Скопје, а во рамките на 12.коло, стружани го совладаа Вардар со 0-1 со голот на Радески.

Во осмата минута, беше досуден пенал за Вардар. Сепак по долгото прегледување на ВАР снимката, таа одлука беше поништена, бидејќи претходно имало офсајд.

Првата закана по голот на Вардар ја упати Исмаили, кој ја погоди стативата, за среќа на скопските црвено-црни. Затоа во 31-та минута, Марјан Радески успеа да го измами домашниот голман Талески, за водство на стружани од 0-1. Тој резултат остана и до крајот на првото полувреме.

Во вториот дел, вардарци тргнаа поофанзивно. Во 52.минута по ударот на Данев, гостинскиот голман Василев на самата гол линија успеа да ја сопре упатената топка и да ја сочува својата мрежа. Во 63.минута, Исмаили на спротивната страна изби сам пред вардаровиот голман, но Талески прекрасно одбрани. Само минута подоцна, Талески уште еднаш мораше да реагира по волејот на Малевски. До крајот на натпреварот, немаше посериозни шанси за гол, па резултатот остана непроменет 1-0 за Струга Трим Лум.

Со новите бодови и вкупно 26, стружани остануваат во трка со тетовска Шкендија која е на врвот со бод повеќе. Вардар остана четврти со 21 колку што има и трето пласираниот Тиквеш.

Во следното коло, ќе се играат два дерби дуели и тоа во сабота. Струга ќе биде домаќин на тетовска Шкендија, а Вардар ќе гостува во Кратово кај петто пласираниот Силекс.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање